Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, во Охрид утрово започнаа свеченостите по повод 24 Мај, денот на сесловенските просветители.

Во рамките на одбележувањето на празникот ќе бидат доделени наградите на учениците кои освоија награди на државните натпревари по знаење, а пртедвидена е и богата културно-уметничка програма.

Празникот ќе биде одбележан и со  одржи свечена приредба на учениците од основните и средните училишта од Општина Охрид, на која ќе настапат учесниците од 10-от детски фолклорен фестивал