Со почетокот на второто полугодие, во ОУ„Св.Климент Охридски“ започна формирање на еко-патроли во училиштето.

Во изминатото полугодие беше извршена анализа за свеста кај учениците за фрлањето отпад на несоодветно место, при што беше констатирано дека корпите за отпад не се користат според целите предвидени во планот за работа на училиштето од страна на учениците. ПОради тоа, започнаа со работа Еко патролите кои ги сочинуваат ученици од второ до осмо одделение. Нивната задача и цел е да се подигне свеста за природата и чистотата на училиштето, а со тоа и на околината, информира директорот на ОУ „Св. Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

Учениците од Еко патролите ќе носат залени марами за време на големите одмори и ќе ги известуваат и советуваат  основците да го фрлаат отпадот на соодветно место, при што ќе водат дневник во т.н. „зелена книга“. Во дневникот ќе се евидентираат  учениците кои не се придржувале до нивните совети, со кои потоа ќе се оддржуваат предавања за подигнување на свеста за заштита на животната средина.

 

OhridNews