Центарот за Развој на Југозападниот плански регион и „Knowledge Center“ деновиве започна со спроведување на обуките за развој на капацитетите на женското претприемништво, кои се наменети за жени од општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.
Oбуките е бесплатни и ќе се спроведуваат во просториите на општина Струга до 13-ти февруари. Во рамки на обуките се опфатени 20 жени, кои претходно доставиле свои апликации во согласност со повикот.
Освен во Струга, вакви обуки ќе бидат спроведени и во Кичево (Кичево, Пласница и Македонски Брод) и Дебар (Дебар и Центар Жупа).
Проектот се спроведува во соработка со Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на UNDP од Скопје.
OhridNews