По четврти пат низ охридските улици за Бадник ќе одекнува песната “Вечниот Бог“ која ќе ја прати традиционалната литија која го симболизира раѓањето Христово.

Подготовките за Бадниковата литија се во тек, информираат организаторите. Се вежба и работи во ОУ „Христо Узунов“, а се’ уште можат да се придружат заинтересирани ученици, велат тие.

-Како организатори среќни сме што постепено паганските песни заминуваат во заборав. Ги охрабруваме родителите да им дозволат на своите деца да земат учество во масовната поворка за големиот христијански празник Бадник, како најава на Христовото раѓање. – истакнаа организаторите.

Заинтересираните повеќе информации можат да добијат секоја сабота во 14.00 ч. со спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ каде се одржуваат пробите за Бадниковата поворка.

OhridNews