Подготовките за второто издание на фестивалот на францускиот филм во Охрид се во полн ек.

Деновиве  како што дознаваме се одржал прелиминарен состанок на Управниот одбор на фестивалот на кој присуствувале и копретседателите Макс Азуле и Јордан Плевнеш, почесниот претседател Ив Буасе, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро.

На состанокот било разговарано за второто издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 29 јуни до 5 јули идната година.

Ohridnews