Сојузот на спортови Охрид започна со пријавите за избор на најдобар спортист за 2012 година. Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.

Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид, каде се предвидени апликантите да ги исполнуваат следните критериуми:

–    Да поседува решение од Централен регистер на РМ,

–    Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ,

–  Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување.

–    Секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.

Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија.

Категории :
–    Најуспешен спортист – поединечно,

–    Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,

–    Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,

–    Најуспешна спортска екипа,

–    Најуспешен спортски тренер,

–    Најуспешен спортски работник,

–    Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл.

Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е втората половина на месец јануари 2013 година.

Ohridnews