Со фолклорно дефиле низ охридските улици, денеска започнува 52-то издание на Балкански фестивал на народни песни и игри. Свеченото отварање е предвидено во 21 часот на сцената на Долни Сарај (алтернатива Центар за култура).

На 52- то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, ќе настапат ансамблите „Осиек“ од Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Турција, „Светозар Марковиќ“ од Србија. „Златица“ од Бугарија, „Марболени “ од Шпанија, „Пролетер“ од Босна и Херцеговина, „Трицчеле“ од Италија, „Зора“ од Унгарија, „Курпианка“ од Полска и „Никола Јонков Вапцаров“ од Македонија.

Свој настап на фестивалот ќе имаат и фолклорните ансамбли од Охрид  „Бисери“ и „ОТЕКС“, како и културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти.

OhridNews