Денеска започнува Европското првенство во кошарка за мажи, кое до 22-ри септември ќе се оддржи во некогашната „братска“ република, Словенија. Македонската репрезентација која се наоѓа во групата Б чии мечеви ќе се играат во Јесенице, ќе го брани одличното 4-то место од последниот континетален шампионат.

Македонската јавност и охриѓани воопшто, со големи очекувања надевајќи се дека македонската селекција предводена од Мекејлеб, Антиќ, Чековски, Гечевски и Илиевски ќе ја повтори „литванската бајка“ од пред две години.

Ги сакам овие моменти затоа што носат сплотување,позитивна енергија која и тоа како ни е потребна. Некако како да минуваме низ некое прочистување кога сме во  таква еуфорија. Литванската бајка ја следев во кафе „План Б“ со пријателите во национални бои и сакам иста таква бајка на истото место да се случува  и сега. Очекувам резултат за пласман на Светското првенство догодина.“ – вели советникот Дејан Пановски.

Момците од репрезентацијата во првата фаза од натпреварите по групи, ќе се сретне со поранешните југословенски „побратими“, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, односно балтичките Летонија и Литванија.

Со нетрпение го очекувам почетокот на Европското првенство во кошарка. Најмалку што очекувам од нашите кошаркари е да го повторат успехот од последниот шампионат во 2011-та во Литванија. Иако морам да признаам дека до некаде  сум лаик во спортот, следејќи го она што се пишува деновиве, сметам дека се потценува македонскиот тим, иако нашите момци покажаа дека умеат да водат битка под кошот. Верувам дека тргнаа со силна верба во себе, полни ентизујазам и желба да се варат дома со пехар. Наше е да ги бодриме, не само кога победуваат туку и кога губат. Да не се расфрламе со критики, кои знаат да бидат и “сочни“,  посебно на социјалните мрежи.“ – вели новинарката Росица Голабоска.

Специјалната програма која ја подготви охридската локална самоуправа за претстојните натпревари од Европското првенство, ќе им овозможи на сите љубители на кошарката заедно да ги проследат битките на „фалангата“ на градскиот плоштад во Охрид.
 
Кога не сме во можност да скокнеме до Словенија, најпаметно е натпреварите да ги следиме на плоштад. Кошараката ќе  ги собере охриѓани, кои притиснати од секојдневните обрски се потешко наоѓаат време да испијат едно акфе со пријателите. Сега ќе се дружиме не со кафе, туку со пиво и плашици. Тие 18 дена, без оглед на резултатот кој ќе го постигне Македонија, сите ќе заборавиме на скапотијата, неплатените сметки, кредити….ќе биде убаво…ако момците се закитаат со медал, локалната власт нема да помине со плашици, туку ќе се печат пастрмки на плоштад.“ – додава Голабоска.

Во составот на репрезентацијата се наоѓаат деветмина играчи кои пред две години го освоија четвртото место, а во однос на тој состав нови имиња се Костоски, Брчков и Ѓуроски.

Искрено би сакал да се повтори успехот од Литванија, но би бил задоволен да се помине и првиот праг, односно репрезентативците да ја поминат групата, а секоја победа натаму ја сметам за успех. Натпреварите и овој пат традиционално како за сите други големи спортски натпреварувања ќе ги следам со пријателите во кафетеријата „Офсајд“. – вели Јоне Станковски, актуелен советник во општина Охрид.

Со денешната пресметка против Црна Гора закажана за 17:45, македонската кошаркарска репрезентација ги започнува натпреварите на евробаскетот.

Најмалку што треба  да се повтори успехт од Литванија, а може и подобро со оглед на моменталната подготовеност на репрезентацијата. Потребно ни е секогаш и мала среќа. Натпреварите ќе ги следам најверојатно со друштво, во боите на нашата драга и мила државика. До нови победи, сплотени засекогаш.“ – вели Ѓоле Наумоски од „Mega Production“.

Покрај плоштадот „Климент Охридски“, натпреварите од Европскиот шампионат во кошарка ќе можат да се следат и во Cuba Libre Beach&Bar, каде за секоја нарачка од 4 пива следува гратис пилешки крилца во текот на натпреварите.

-Очекуваме Македонија да се пласира минимум во полуфинале со наша целосна поддршка. Покрај бројните попусти, следењето на натпреварите во Cuba Libre ќе биде исполнето и со многу изненадувања, велат од Cuba Libre.

Инаку, противници на Македонија во групата Б ќе бидат Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија.

O.T.