Денеска на сцената на Долни Сарај, ќе се одржи 8-миот Меѓународен фолк-денс фестивал „Македонско сонце“, во склоп на „Охридските фестивалски денови“.
Љубителите на фолк-денс игрите ќе имаат можност да уживаат во програмите и изведбите кои за овогодинешниот фестивал, ги подготвија 12 групи-учесници од Литванија, Полска, Украина, Чешка, Шпанија, Бугарија и други.
Влезот е слободен, а почетокот е од 20 часот.
OhridNews