Вечерва со почеток од 20 часот на плоштадот  „Чинар“ свечено ќе биде отворен Фестивалот на  вино и сирење.

Целта на случувањето е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи.  

„По неколку годишниот прекин на манифестацијата  истата годинава е обновена  со  внесување повеќе  иновации со намера  да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југо-западниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија , годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и  Корча – Албанија. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите , истакна на денешната прес конференција Ѓоко Апостолоски, од Секторот за туризам и локален економски развој.

Музичкиот дел  во двата фестивалски дена  започнува во 20.30 часот и  во него е предвидено да настапат охридски бендови.

OhridNews