Со манифестацијата „Лето 2009“, што вечерва ќе се одржи кај Билјанините извори, ќе биде означен почетокот на главната туристичка сезона во Охрид

Повод за огранизација на оваа манифестација е непостоењето на традиционален облик на одбележување на почетокот на туристичката сезона во Охрид, а целта е уште поголемо зајакнување на промотивните активноети пред почетокот на летниот шпиц, велат од локалната самоуправа.

На манифестацијата учество ќе земат хотелиери, концесионери на плажи, занаетчии, производители на храна, кафетерии, дискотеки, ресторани, рурални заедници, на националниот парк, планинарски друштва, како и бројни гости меѓу кои ќе има владини претставници, политичари, јавни личности и членови на дипломатскиот кор. Пред присутните гости ќе бидат претставени езерскиот, културно – историскиот и духовниот туризам и.т.н.

“ЛЕТО 2009“ ќе започне со изведба на легандарната “Билјана платно белеше“, по што ќе уследи автентична презентација на туристичката понуда на Охрид.

Ohridnews