Овој атрактивен спортско-хуманитарен настан ќе има и забавен карактер со настап на естрадните звезди Ѓоко Танески и Денис Мурат.
Купената влезница по цена од 30 денари, претставува и учеснички број за учество во акцијата „ЗА ПОСРЕќНО ДЕТСТВО”, кој воедно учествува и во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум дневно зимување на Златибор, викенд во х. Бистра-Маврово, викенд во Истамбул,Турција, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија). Средствата собрани од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.
Манифестацијата Ќе се одржи денес, со почеток во 20 часот, во спортската сала „Атина Бојаџи”, во соработка и поддршка од ЈП „Билјанини Извори” и Спортската обложувалница „Премиер”.