Имплементацијата на проектот за заштита на Дримскиот басен, поддржан од Глобалниот Еколошки фонд – ГЕФ со 4,5 милиони долари за три од петте држави кои го делат Басенот, меѓу кои иРепублика Македонија, ќе биде официјализирана утре во Тирана, Албанија. Главната цел на проектот ќе биде да се воспостави заеднички менеџмент на споделените ресурси во прекуграничниот Дримски басен.

„Стигнавме до моментот на отпочнување на овој проект со поддршка на ГЕФ. Во блиска иднина ќе дознаеме всушност колку е важен овој момент за заштитата на  целиот басен и за Охридското Езеро посебно. Целите се воспоставување на заеднички мониторинг, заеднички Акционен план и институција, голем број пилот проекти и нормално план за управување со сливот и езерата во него. Ова се премногу важни цели околу менаџирањето со водените ресурси и за координацијата на еколошките и енергетските потреби во басенот и затоа нема простор за никакви импровизации.“– изјави Дејан Пановски, еден од иницијаторите на проектот и член на Дримската кор група.

На Почетниот состанок во Тирана од македонска страна  ќе присуствува заменик минстерот за животна средина Стево Темелковски, делегација од министерството и Дејан Пановски од Одделението за управување со сливното подрачје на реката Црн Дрим при МЖСПП како член на Дримската кор група. Покрај почетниот состанок на проектот за Дримскиот басен на ГЕФ во Тирана ќе бидат одржани и првиот состанок на страните во Дримскиот басен како и 8-миот сотанок на Дримската кор група на кои ќе се донесат заклучоци за идните чекори за  имплементација на Меморандумот за заедничка визија во Дримскиот басен како и за активностите во подготвителната фаза на ГЕФ проектот.

OhridNews