Леванте-Депортиво Ла Коруња, под сомнение дека бил наместен, објави во
четвртокот радио станицата „Кадена СЕР“.
Депортиво овој натпревар го доби со 0:4, притоа три од четирите голови неговите фудбалери постигнаа во првото полувреме.
Локалните медиуми пренесоа дека фудбалерот на Леванте, Хавиер Баркеро,
во паузата помеѓу двете полувремиња, обвинил неколкумина соиграчи дека
не даваат се од себе, а имало и караници помеѓу фудбалерите.
Новоизбраниот претседател на LFP, Хавиер Тебас, минатиот месец, изјави
дека во Шпанија мора да се смени навиката чија основна парола е „се е
дозволено“, што значи дека некои екипи купуваат натпревари како би
избориле опстанок.