2011 година се означува десетгодишнината на Интернационалната година на волонтерите, позната како Европска недела на волонтеризмот која и воедно се смета за една од најзначајните години на Црвениот крст.

Како еден од лидерите во волонтеризмот и неговиот развој, Црвениот крст започнува кампања за одбележување на годината на волонтерството. Кампањата има за цел да ги покаже специфичните капацитети на Црвениот крст за вклучување на волонтерите, промовирање и придвижување на духот на волонтеризмот онаму каде што е најпотребно. Презентирајќи го Црвениот крст како првото и најдоброто решение за волонтерите, донаторите и поддржувачите на нашите активности, ѓе ги охрабриме сите владини институции, локалната самоуправа, задруженија на граѓани, приватниот и корпоративниот сектор, да ги ценат и поддржуваат волонтерите во нивното влијание врз животите на луѓето, на начин на кој би станале наши партнери за заеднички да го промовираме значењето на  волонтерството, велат од Црвениот крст.

Кампањата ќе започне на 7 мај од 12:00 ч. на повеѓе места низ градот(Градски плоштад, плато пред Центар за култура “Григор Прличев” и др.), со јавни активности и презентации на работата на Црвен крст Охрид кои под мотото “ПРОНАЈДИ ГО ВОЛОНТЕРОТ ВО СЕБЕ”, ќе се спроведува во текот на цела 2011 година.

Кампањата започнува во пресрет на 8 мај, кога пред 183 години (8 мај 1828 година) е роден е големиот хуманист Анри Динан,  основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а  неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод на 08 мај 2011 (недела), во 11:00 ч. делегација на Црвен крст Охрид и Здружението на Анри Динан од Струга Ќе положат свежо цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид, пред седиштето на Црвениот крст.

Во текот на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од  09-15 мај 2011 во соработка со инструктори за прва помош од Операција “Флориан”, Англија, ќе се одржи обука по прва помош на членови на Единицате за спасување на планина и непристапни терени и Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид, како и обука на дел од припадниците на полициските единици во Охрид. На 14 мај 2011 (сабота) од 10:00 ч. – на платото помеѓу обложувалница „Премиер” и ТЦ Амам ќе се одржи традиционална крводарителска акција под покровителство на Обложувалници „Премиер”.

OhridNews