Со специјализирани предавања и презентации во ОУ „Григор Прличев“, денеска започнува едукативниот проект ,,Дрога-вистина и заблуди”. Со проектот што заеднички го реализираат Секторот за внатрешни работи од Охрид и Општинската организација на Црвениот крст ќе бидат опфатени  учениците од петто до осмо одделение во основните училишта во Охрид, а едукација е предвидена и за родителите.

Целта на проектот што ќе трае до 10 октомври, е  превентивно и низ интерактивен пристап со младите и нивните родители, да се оствари комуникација за штетното влијание на  дрогата, како и за методите на превенција. Учесниците во проектот ќе се запознаат и со националната стратегија за борба против дрога, но и со начините како да се иницира поширока акција на општеството за борба против дрогата и да се создаде подобра иднина за младата популација.

Ohridnews