Од оваа недела започнува со работа Летната јога школа 2012. Практичните часови ќе се оддржуваат во природа на две локации.

Утринската практика ќе започнува во 7 часот наутро, секоја сабота кај плажата Куба Либре, додека пак вечерните часови ќе се оддржуваат во среда со почеток во 19 часот и 15 минути над плажата Лабино.

Школата ќе трае во текот на јули и август, под водство на Ванчо Тасески и Александра Јанеска.

OhridNews