Летото во Македонија и на северната хемисфера ќе почне на 21-ви јуни во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата.

Првиот летен ден е најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути.

Синоптичарите за првиот ден од летото предвидуваат сончево и многу топло време со температути до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.

OhridNews