Во организација на Културното Уметничко Друштво “Плетенка” од Охрид, кое функционира две години, вечерва започнува првиот меѓународен фолклорен фестивал „Пролетно цвеќе“, воедно и прв фестивал од низата на фестивали во организација на IFFOM – International Folklore Festivals in Ohrid – Macedonia.

Фестивалот ќе започне во 18 часот со дефиле по охридските улици, а свеченото отварање на фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Св. Климент Охридски“ со почеток во  19 часот.

На фестивалот ќе учествуваат  домашни и странски групи од Романија, Србија, Турција, како и охридските групи, КУД „Плетенка“, КУД „Охриѓанка“ и Ансамбл „ Филиграни“ и културно уметнички друштва од Битола и Кичево.

OhridNews