Започнува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
28.06.10 00:05
Слависти, македонисти, млади научници, студенти од 22 земји од светот ќе ги изучуваат македонскиот јазик, култура, историја и литература на традиционалниот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, кој од денес до 13 јули ќе се одржува во Охрид.
Според најавите, на семинарот ќе учествуваат стотина слависти и македонисти, од Русија, Полска, Словенија, Украина, Србија и Хрватска. Годинава за учество на семинарот интерес пројавиле голем број професори од САД и од западноевропските земји.
Предавањата, лекторските вежби и дискусиите ќе се одржуваат во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Охрид. Таму ќе биде организирана и Научна конференција, на која ќе учествуваат шеесетина научници слависти и македонисти.
Семинарот кој се одржува по 43 пат е во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
37 Охридски староградски средби 2025 ќе се одржат вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид Програмски квалитет што значи вредносно продолжувањ...
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер Во Охрид времето денес сончево, со слаб ветер од северен правец Максима...
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.