Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.
Мониторинг тимот на Агенцијата и неколку надворешни соработници, секојдневно ќе ја следат 24-часовната програма на националните телевизии и радија.
Согласно Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, предмет на мониторингот се два телевизиски и два радио сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал, петте телевизии кои емитуваат програма преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, петте сателитски телевизии, четирите кабелски телевизии и две од националните комерцијални радија.
OhridNews
Извор: „Макфакс“