Во организација на Црвен крст Охрид, а со помош и подршка на Американскиот мировен корпус, започнува нов циклус од Детскиот час за приказни (Children story hour).
Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните два месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини кај деца од 4 до 10 годишна возраст.
Родителите заинтересирани за оваа програма, можат да ги запишат своите деца во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 10-15 ч.