Од месец април започнува ловот со блинкер на влечење од пловен објект за охридска пастрмка и охридска белвица, информира концесионерот за рекреативен риболов на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ДООЕЛ Охрид.

-Блинкерот на влечење се дозволува од април до месец ноември, од 1 (први) до 15 (петнаести) во месецот, во ден недела и во Државни празници. Новина за оваа година е тоа што цената на дозволата за блинкер на влечење е намалена од досегашната цена од 800 денари на 600 денари.-истакнуваат од „Пастрмка 2012“. 

Дозволите се издаваат во просториите на концесионерот „Пастрмка 2012“ во стара барака на Гранит- Охрид и во рибарницата Летница- Белвица која се наоѓа во градскиот пазар во Струга.

OhridNews
фото:Емилио