Со мечевите од првото коло во осминафиналните групи, денеска, продолжуваат натпреварите на Европското првенство во кошарка за мажи што се игра во Словенија.

Во А групата Од 14.30 се среќаваат Летонија – Украина, од 17.45 играат Белгија – Србија, а во вечерниот термин од 21 часот Литванија и Франција.

Натпреварите од Б групата на програмата се утре, а се среќаваат:

14.30 Финска – Хрватска

17.45 Грција – Шпанија

21.00 Словенија – Италија.

Македонската кошаркарска репрезентација натпреварите на ЕП ги заврши во прелиминарната фаза.

OhridNews
фото: ФИБА/Еуробаскет 2013