
Зајакнати се овластувањата на службените лица пришто државните инспектори за животна средина , комуналните инспектори , општинските инспектори за животна средина а и службени лица на полицијата се овластени за надзор и покренување пријави па и за изрекување на глоба на лице место, вели државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски. Очигледно е дека јавната и индивидуална свест по ова шрашање бавно се подига, и оттаму примената на строги казнените мерки е еден од последните механизми за обезбедување на чисто и здраво живеење, смета Паноски.
Законот предвидува казни за физички лица: од 30 евра за фрлање отпад во урбани средини (храна ,пластика , опушоци), 50 евра за фрлање отпад во природа и патишта , 70 евра за исфрлање масла и шут во природата , 100 евра доколку отпадот е грлен покрај езера , реки и други водни тела , 150 евра доколку отпадот се гори во урбана средина , 200 евра доколку отпад се гори во природа.
Охрид и околкината се посебно сензитивни на било каков вид на загадување, вели Паноски. Според него покрај свеста клучен фактор е и институционалната поставеност. Сметам дека подобри резултати ќе се добијат кога ќе се воведе конкурентност и компетитивноста во комуналните услуги, вели Паноски. Градот е подложен на зголемено загадување од бучавост поради што ќе биде засилен инспекцискиот надзор и во овој домен, најави Паноски.
ohridnews











