
– Го избравме Прилеп за почеток, симболично, зашто Победа е шампион ,владата откако ќе ги изгради игралишта нема да ги дава под концесија, туку бесплатно ќе ги доделува на општините за развој на најпопуларниот спорт, фудбалот“- рече Ивица Георгиевски, директор на Агенција за млади и спорт.
Најавено е дека терените ќе имаат холандска трева, монтажни трибини од 500 до 1.000 седишта, соблекувални за нормално одвивање на активностите на корисниците, ќе бидат готови за период од година и пол, додека неколкуте први игралишта ќе бидат пуштени во употреба до крајот на месец февруари годинава. Градители на 50 фудбалски терени ќе бидат две фирми и тоа: хрватската „Конструктор“ и македонската „Македонија инвест“.
За време на одржувањето на Илинденската регата чиј покровител беше и Агенцијата за млади и спорт директорот Ивица Георгиевски напомена дека во Охрид ќе бидат изградени два такви терени и тоа едното кај СРЦ Билјанини Извори, а додека другото ќе биде во село Лескоец.Покрај изградбата на терените во Охрид највена е и изградба на Олимписки базен во 2008 година .










