Прскањето против комарци ќе се спроведе од денес до сабота, најави локалната самоуправа. Запрашувањето ќе се изврши авионски, во раните утрински часови, а препаратите со кои ќе се врши прскањето не се штетни за луѓето и животната средина, информираат од локалната самоуправа. Најосетливи на овие препарати се пчелите поради што што се известуваат пчеларите да не ги пуштаат пчелите од кошниците во деновите кога ќе се врши запрашувањето против комарци за да не дојде до несакани последици.











