Според фестивалската програма во текот на денешниот ден треба да пристигнат сите учесници, а свеченото отворање на фестивалот е закажано за утревечер на сцената во Античкиот театар. Пред свеченото отворање ќе биде оранизирано свечено дефиле на фолклорните друштва низ охридската чаршија. Според планираното, концертите во наредните фестивалски денови ќе се одржуваат на летната сцена на Градскиот плоштад. Од организацијата на фестивалот информираат дека годинава покрај концеритите ќе биде организирана и изложба на традиционални македонски носии.
Според најавите во рамки на фестивалската програма ќе настапат Фолклорните друштва ,,Абрашевиќ’’, ,,Рибарска Бања’’ и ,,Радост’’ од Србија, ,,Вангелов’’, ,,Луди млади’’ и ,,Петрич ‘’од Бугарија како и ,,Капија’’ и ,,Бисер’’ од Босна и Херцеговина. Исто така се очекува да настапат и играорци од Албанија, Турција, Грција, Косово, Хрватска, како и од други земји. Покрај фолклорните друштва од странските земји, на фестивалот ќе настапат и неколку македонски фолклорни друштва.
Фестивалот „Разиграно оро“ го организира ансамблот „Филиграни“ од Охрид со поддршка од Министерството за култура и Општина Охрид.