Центар за култура „Григор Прличев“

Од 11.10.2019 - 20:00 до 11.10.2019 - 21:30

Овој петок (11 октомври) во Центарот за култура “Григор Прличев” започнува шестата сезона на секогаш различната претстава “Импровокација”.

Актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, поtпомогнати од Филип Ангеличин – Жура како домаќин на шоуто и музичарот Никола Јосифоски во свој стил ја најавуваат првата епизода во духот на празникот 11 октомври

Другари и другарки,
вашата ИМПРОВОКАЦИЈА ве повикува!
На 11 октомври, во 20 час. одредот на ИМПРОВОКАТОРИ ќе го крене гласот и ќе ги впери пушките на комедијата кон неподносливата летаргија во нашиот град после бурното лето. Партизаните ИМПРОВОКАТОРИ ве повикуваат да им се придружите на оваа голема револуција која ќе започне од нашиот генералштаб „КЕРАЛ“.Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа револуција! Не пропуштајте ја можноста вашето име во иднина да биде име на улица!

Задолжително резервирајте си БОРБЕНИ КНИШКИ на 075 283 066, или пак купете во МУЗИЧКА ПРОДАВНИЦА ЗЗ ТОП ЦЕНА: 200 денари. – порачуваат импровокаторите.

OhridNews