Како што и беше најавено, со цел поголема транспарентност во работењето, наскоро започнува со работа прес центарот на НУ Фестивал „Охридско лето“.

Прес центарот ќе биде отворен на 21- ви мај, од каде непречено ќе можат да се добиваат информации за текот на подготовките и реализирањето на програмата на фестивалот.


Како што информираат од “Охридско лето” подготовките за најновото 52- ро издание се во тек.

Се очекува Фестивалот и оваа година да реализира квалитетна и богата уметничка програма со што ќе го потврди своето високо реноме во светот и како членка во Европската асоцијација на фестивали, велат од НУ фестивал „Охридско лето“.

Свеченото отворање на фестивалот “Охридско лето”, традиционално ќе биде на 12 јули,со најавениот спектакл „Ромео и Јулија“ во изведба на Битолскиот народен театар. Во уметничката програмата ќе бидат застапени околу 50 настани од класичната музика, балетот, театарот, ликовните изложби како и офф програмата.

OhridNews