Со завршувањето на школската година започнува со работа школата за едрење во Охрид. Ги покануваме сите љубители на водните спортови, на адреналионот да бидат дел од оваа школа.
Учествата на натпревари како во Македонија,така и надвор од неа, во: Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Турција, Романија, Холандија, бројните пријателства кои ги стекнуваат едриличарите насекаде во светот, желбата за докажување на спортски план, за победа, но и можноста еден ден да се претстаува својата земја на Балкански, Европски и Светски првенства па и Олимпијада се доволен предизвик за да почнете да се занимавате со едрење.
– Школата за едрење можат да ја посетуваат деца постари од 8 години. Започнува во понеделник,а трае се до 31 јули кога на програмата е меѓународната Илинденска регата, на која најдобрите ќе добијат право на настап. Знаејќи ја состојбата на женсиот спорт, посебна покана за учество во оваа школа упатуваме до сите девојчиња кои го сакаат спортот, а досега немале можност да се докажат во него – изјавија од клубот.
Сите зинтересирани, за подетални информации можат да не исконтактираат на телефонските броеви: 078- 42 11 58 и 071- 25 17 18, или пак да не посетат во центарот за едрење наспроти езерска полиција во деновите сабота и недела од 10.00 до 14.00 часот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com