Според најавите, од денеска во функција ќе биде ставен зимскиот пункт на Македонија пат – подружница Охрид, во селото Ботун.

Наредната недела во функција ќе бидат ставени и другите пунктови на јавното претпријатие, а подготвени се и другите служби задолжени за дејствување во зимски услови.

Неделава субјектите задолжени за одржување на патиштата  ги координираа активностите со цел  навремено делување и непречено одвивање на сообраќајот во зимскиот период.

Договорено е да се преземат превентивни мерки како што е крпење на дупките, замена на еластични огради, поставување на нови сообраќајни знаци и да се обнови хоризонталната и вертикалната сигнализација. Обезбедени се 200 тони сол и 250 метри кубни ризла, а механизацијата на јавните претпријатија е во добра кондиција, беше истакнато на состанокот.

OhridNews