Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ со задоволство го најавува организирањето на Летен спортско едукативен камп кој за прв пат ќе се одржи оваа година во Охрид и тоа почнувајќи од 7 јули и ќе трае седум дена се до 13 јули во хотел Десарет.
На него учествуваат 70 деца од Охрид, Скопје, Битола и од српскиот град Крагуевац. Целта на кампот, кој претставува почеток на една традиција која ние охриѓаните за жал сме ја подзаборавиле во минатите години, е обновување на социјализирањето, едукацијата и спортувањето на нашите деца со децата од Македонија и пошироко од балканските простори. Летниот камп ќе биде исполнет со многу спортски, забавни и едукативно – образовни активности со дополнителен акцент на презентацијата на нашето природно, културно и историско богатство.
Интернационалниот карактер што го имаме уште во првата година на кампот претставува чекор поблиску во реализацијата на нашата визија, која ја имаме пред се за децата од Охрид, а тоа е Охрид град на Спортот и дружењето, ни говори дека сме на вистинскиот пат, пат на кој сме убедени во иднина ќе имаме уште многу повеќе поддржувачи како од нашиот град така и од многуте држави од балканот и пошироко.
Ги покануваме сите граѓани да ни се приклучат на нашата официјална „Facebook“ страна (Спортски летен камп Охрид 2016) и да ги следат сите наши активности кои ќе ги реализираме за време на деновите на кампот, секако доколку имате желба да бидете и вие дел (како гостин) од првиот охридски камп ве покануваме да не посетите, вратите на Спортско летниот камп Охрид 2016 и на хотелот Десарет се отворени.
OhridNews