Свеченостите по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид Свети Климент Охридски, започнуваат вечерва во 18 часот со Изложбата на изработки од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ по што ќе следува и Свечена приредба по повод патрониот празник на ова училиште. Двата настани ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Утре на 5-ти декември во 9 часот и 30 минути на кејот „Македонија“ ќе се одржи Атлетски крос под мотото „Во здраво тело – здрав дух “, а вечерта со почеток во 18 часот, во библиотеката „Григор Прличев“ ќе има промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска- Илиевска. Во 19 часот во Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и ќе се одржи промоција на „Збирка задачи во С++“ – Проект изработен од ученичката Исидора Јанева и професорката Жаклина Лазаревска. Во 20 часот во големата сала на Центарот за култура ќе започне свечената програма по повод патрониот празник на гимназијата.
Според најавите свечености во чест на патронот на градот ќе има и во текот на претстојниот викенд, а истите треба да финишираат со Свечената академија која ќе се одржи во понеделник во 19 часот и 30 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“.
OhridNews