Брод „Армада“
Од 08.07.2021 - 20:00 до 08.08.2021 - 20:00
По една година пауза предизвикана од Covid-19 вирусот, денеска се враќа познатиот Летен Комеди Маратон, овојпат под мотото Smile & Cruise.
И покрај специфичните услови за организирање културни настани, кои ги налагаат протоколите за работа во пандемија, организаторите успеаа да создадат одлична програма, на единствено место кое овозможува целосно уживање во комедијата, а тоа е бродот Армада.

Програмата за првиот дел од маратонот е следна:
08 јули – “Валкани секс приказни” со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
15 јули – Црн хумор со Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.
18 јули – “Валкани секс приказни” со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
19 јули – Најдоброто од Стендап со Никола Тодороски, Јован Цветкоски, Зоран Донев, Илија Богданоски и Никола Сиљаноски.
28 јули – “Рецилирани Конфети”, соло стендап на Никола Тодороски.
29 јули – Two Mothers Brothers, кабаре со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
03 август – “Наводно”, стендап со Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски.
08 август – Најдоброто од стендап со Никола Тодороски, ЈованЦветкоски, Зоран Донев, Илија Богданоски и Никола Сиљаноски.

OhridNews












