Во просториите на општинскиот Црвен крст, денес, со почеток во 20 часот започнува третиот по ред  циклус бесплатни часови за цртање.

Заинтересираните, со вештините на цртањето ќе ги запознае талентираниот студент во четврта година на Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“, Филип Стојковски, волонтер во Црвениот крст.


Во текот на курсот, учесниците ќе имаат можност да ги посетуваат изложбите и музеите во градот, како и да се запознаат со познати академски сликари, да ги посетат нивните ателеа и видат нивните дела.

– Се што ви е потребно е да сте постари од 14 години и имате силна волја, а претходни знаења и вештини не се неопходни. Направете го првиот чекор и присуствувајте на презентацијата на овој бесплатен курс, каде ќе дознаете повеќе за организацијата, целите и начинот на кој се реализира овој проект, порачуваат од општинскиот Црвен крст.

OhridNews