Со изложба „Турското уметничко наследство“, што ќе се одржи денеска во 12 часот во Спомен Домот на Христо Узунов, започнува Петтата меѓународна конференција „Охрид- Водици 2017“.

Темата на овогодинешната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“.

Организатори на конференцијата за културно наследство, туризам и медиуми се Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеjџан).

OhridNews