Во Центарот за јавно здравје – Охрид денеска, понеделник, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот.
Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија.
Цената на вакцината изнесува 400 денари.
OhridNews