Од денеска стартува владината одлука за временското ограничување на пловидбата на скутери и чамци по Охридското Езеро.
Скутерите на вода нема да смеат да пловат по езерото во текот на целиот летен период од 11 до 19 часот, додека за чамците оганичувањето важи до 31-ви август во времетраење од 21 до 5 часот секој ден.
Во овие периоди, Капетанијата на пристаништата во соработка со Езерската полиција ќе врши редовни контроли за почитувањето на оваа забрана, при што ако се констатира прекршок, прекршителите ќе бидат санкционирани со казна од 800 евра.
Инаку, забраната важи и за Дојранското и Преспанското Езеро.
OhridNews