Охрид по втор пат е домаќин на фестивалот на изворни македонски песни „Фолк хит –песна на летото“, што го организира локалното „Лав радио“. Свеченото отварање на фестивалот е вечерва на Античкиот театaр.

Фестивалот ќе се одвива во три вечери, а ќе настапат еминентни имиња од македонската фолк естрада, најавуваат организаторите.

– На фестивалот ќе настапат преку 40 изведувачи. Првата фестивалска вечер е посветена на македонската изворна песна и на неа ќе настапат најголемите изведувачи на народни песни од земјава. На 24 јули ќе биде избран фолк хит – песна на летото, а  последната фестивалска вечер на 25 јули е насловена како „Вечер пред Илинден“ и е посветена на 100 годишнината од букурешкото парчење на Македонија.-изјави Ружица Крстовска, водител на фестивалот.

Забавата ќе ја надополни познатиот комичар Ранко Рангелов.

Сите фестивалски вечери започнуваат во 21 часот, а влезницата изнесува 100 денари.

Од манифестацијата ќе произлезе и Цд кое ќе може да се купи на самиот фестивал.

OhridNews