Македонската кошаркарска репрезентација во женска конкуренција предводена од новиот стратег Марјан Лазоски на почетокот од јуни месец ќе биде домаќин на меѓународен турнир со кој ќе започнат активностите по паузата од три години која имаше националниот состав.


На турнирот кој ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ ќе учествуваат селекциите на Босна и Херцеговина, Јапонија и Бугарија. Турнирот ќе се игра во систем секој со секого, а селекцијата со најмногу бодови ќе биде прогласена за најдобра.

Распоред:

2. јуни

18:00 часот Босна и Херцеговина – Јапонија
20:00 часот Македонија – Бугарија

3. јуни

18:00 часот Бугарија – Босна и Херцеговина
20:00 часот Јапонија – Македонија

4. јуни

18:00 часот Бугарија – Јапонија
20:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина

OhridNews