
Свеченостите ќе започнат во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со отварање на ликовна изожба и промоција на книгата „Во потрага по средношколското време“, чиј промотор ќе биде професор доктор Драган Јанкоски. Ќе бидат доделени и наградите по објавениот конкурс на училиштето.
Свечената академија ќе започне во 19 часот со мултимедијалната проекција„Моќната, горда и духовно-возвишена Гимназија“. Поздравен збор ќе има директорот на ова средно училиште, Љубиша Машановиќ, а во рамките на академијата ќе биде изведена и музичко-литературна програма.
Свеченостите по повод патрониот празник на градот утре продолжуваат со свеченост на која ќе биде одбележана 110-годишнината од основањето на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Ohridnews












