Средното општинско училиште „Свети Кимент Охридски“ со низа свечености денеска ќе го одбележи патрониот празник. 

Свеченостите ќе започнат во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со отварање на ликовна изожба и промоција на книгата „Во потрага по средношколското време“, чиј промотор ќе биде професор доктор Драган Јанкоски. Ќе бидат доделени и наградите по објавениот конкурс на училиштето.

Свечената академија ќе започне во 19 часот со мултимедијалната проекција„Моќната, горда и духовно-возвишена Гимназија“. Поздравен збор ќе има директорот на ова средно училиште, Љубиша Машановиќ, а во рамките на академијата ќе биде  изведена и музичко-литературна програма.

Свеченостите по повод патрониот празник на градот утре продолжуваат со свеченост на која ќе биде одбележана 110-годишнината од основањето на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Ohridnews