Гимназија и Економско матурата ќе ја прослават утре вечер во хотелот „Десарет“, а истата вечер во х. „Белведере“ ќе слават и матурантите од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“.
Со цел матурите да минат во најдобар ред и без инциденти, минатата недела беше одржан подготвителен состанок на претставниците на училиштата, општината, инспекторатот и полицијата од каде беше упатен и апел до учениците и нивните родители за весело и достоинствено прославување на матурата.