Shilla

Од 31.10.2018 - 22:00 до 01.11.2018 - 01:00

Од оваа среда, 31 октомври, започнува шестата сезона од добро познатите студентски журки во кафѐ и бар “Шила“. Со свој сет настапува во моментов еден од најбараните Хип Хоп и Р&Б диџеи во Македонија DJ FACE.

Сите пијалоци се по промотивни цени, а поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.

И оваа сезона со помош на Jagermeister кој е главен покровител на студентските забави ќе се организираат промоции, наградни игри и ќе се доделуваат многу аксесоари a со секое “селфи“ испратено на фан страната на “Шила“ сте во игра за гратис шише Јегер за следната студентска.

Изминативе пет сезони ги одбележавме со навистина одлични журки со домашни и странски диск џокеи и бендови. Под мотото ‘Среда повторно сјае со урбан шмек’ продолжуваме со остварување на визијата за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот и заживување на чаршијата. – порачуваат организаторите.

Повеќе информации за настанот може да најдете ТУКА.

Во продолжение погледенете дел од атмосферата од минатите сезони:

OhridNews