Сообраќајот на патиштата во Хаваи е запрен поради сеизмичка активност во подрачјето околу вулканот Килауеа кој се активираше на 3 мај. Властите најавија евакуација на уште една локација на островот Хаваи поради зголемувањето на бројот на вулкански пукнатини по ерупцијата на Килауеа.

При повлекувањето на лавата од врвот во внатрешноста на вулканот, таа се разлева под земјата, поради што научниците предупредуваат дека може да избие на површината и дека на сите им се заканува опасноста да се појави огромна количина отровни материи во воздухот кои можат да предизвикаат гушење и труење.

Вулканот беше проследен со земјотрес со јачина од 6,9 степени. Лавината уништи повеќе од 35 домови и згради во регионот. Нема жртви како резултат на ерупцијата.