Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на три кривични дела „Телесна повреда„ СВР Охрид поднесе кривични пријавa против 41 годишен жител на селото Горно Лакочереј. 

Пријавениот, во текот на месец јули, во три наврати извршил физички напад врз неговата сопруга удирајќи ја со тупаници по целото тело. Тој, доаѓајќи во алкохолизирана состојба, во семејната куќа започнувал вербална расправија со сопругата навредувајќи ја со недолични зборови. Потоа,  физички ја напаѓал, нанесувајки и повеке удари со раце  по главата а со нозе по останатиот дел од телото.

Од ударите, неговата сопруга се здобила со крвни подливи, набиеници, отоци како и расекотини по целото тело. Поради сериозноста на нанесените повреди, на сопругата,  и била пружана неопходна медицинска помош во општата болница во Охрид.

Полициските службеници, кај пријавениот редовно вршеле алкотестирање при што  констатирале близу 2 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.  

OhridNews