По повод почетокот на пролетта, екипи од ЈП „Охридски Комуналец“ засадија 50 декоративни дрва од видот црвена слива (prunus cerasifera). Со новите садници оплеменет е просторот покрај пешачката патека пред хотел Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.

Овие дрва имаат атрактивен изглед и се со средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена боја. Погодна е за климатските услови во охридскиот крај и отпорна на ниски температури.

OhridNews