Засега фиксна е само бројката од 833.000 вакцини за кои државата веќе алоцираше средства и со неа може да оперираме. За останатите бројки, јавноста ќе биде дополнително информирана, повтори денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.
Арсовски уште еднаш кажа дека темпото за дистрибуција на вакцините го утврдува Kовакс системот.
Како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители, еднакво ќе бидат дистрибуирани кон сите земји што аплицирале на ковакс системот како оние од Европа и од регионот. Во однос на вакцините кои треба да пристигнат од Бугарија, со оглед дека станува збор за донација, треба да биде издвоена одредена количина од онаа што оваа држава ќе ја добие. Во моментот кога вакцината ќе биде дистрибуирана до нив, ќе биде и до нас и за оваа доза вакцини државата нема да плати, рече Арсовски.
На новинарско прашање дали некои од алоцираните средства од ТАВ ќе бидат искористени за купување амбулантни возила, Арсовки повтори дека овие пари се наменети само за инфраструктурни проекти во општините.

Тоа е одлука и Министерството за здравство е веќе во комуникација со сите директори од медицинските и здравствените центри и институции. Се надевам дека за брзо време сите тие лица ќе ја добијат планираната помош, нагласи Хоџа.
OhridNews











