Поради пад на температурите и најава за нивно понатамошно намалување , од МЈП Проаква Водовод Охрид ги информираат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување.

– Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите се наплатуваат од наша страна, велат од претпријатието.

Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).

OhridNews